Прогностичките модели се веќе усогласени, да причекаме уште ден до два и веќе ќе биде официјално, а тоа е дека од 20 ноември, па во деновите потоа поларна експлозија ќе го зафати Балканскиот Полуостров, најави метеорологот Славчо Попоски.
Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени.
Чекаме што ќе се случува понатаму на прогностичките модели, секако, се работи за многу интересна временска ситуација, вели Попоски.