Според последните мерења на квалитетот на воздухот во Скопје, рангиран е на петтото место на листата за најзагадени градови во светот. На првата позиција како најзагаден град изби Сараево, додека на деветото место е Приштина.

Податоците на платформата IQAir посочуваат дека концентрацијата на ПМ2,5 честичките е зголемена за 15,7 пати над горната граница утврдена од страна на СЗО и изнезува 78,7 микрограми на метар кубен, а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.

Водејќи се спрема категориите на платформата, воздухот е означен како ”нездрав”, што може да предизвика сериозна закана за здравјето на граѓаните.