Пристапот до здравствени услуги и лекови претставува сериозен проблем во земјава, особено за граѓаните кои живеат во помалите градови и рурални средина. Практиката формирана во последните годините, според која пациентите се приморани да патуваат од Битола, Гевгелија или Штип до Скопје за да примат и најосновни лекови или терапија го нарушува клвалитетот на здравствената грижа.
На ова се осврна и д-р Игор Николов, доцент на медицинскиот факултет и лекар на Универзитетската клиника за нефрологија.

„Наместо да се развива децентрализирано здравство, се развиваше здравство кое што е сконцентрирано во Скопје и во Клиничкиот центар, без доволно адаптирање на целокупната инфраструктура“, ијзави Д-р Николов.

На пример, пациентите во Битола, кои се на редовна терапија, со години се соочуваат со проблемот на недостаток на лекарски рецепти или таблети, особено на специјализираните лекови како оние за онколошки пациенти. Недостатокот на таблетарни форми во некои здравствени установи во помалите градови ги принудува пациентите да патуваат до Скопје за да добијат соодветни лекови.

„Идејата која што треба да ја движиме понатаму е дека ни е потребно децентрализирано здравство, регионализација на здравството, дека не смееме да дозволиме да пациентите за инекција или терапија да патуваат од Битола за Скопје, Гевгелија за Скопје, од Штип за Скопје“, додаде Д-р Николов.

Ова доведува до оптоварување во главниот град, но и до хиперконцетрација на кадрите и пациентите во Клиничкиот центар, и создава непотребна гужва и долги чекања. Според д-р Николов, еден од клучните чекори за решавање на овој проблем е адаптирање на законските регулативи кои ќе овозможат специјализирани лекари и здравствени работници да работат и во регионалните здравствени установи.

„Заради таа причина тоа практично доведува до едно хиперконцентрирање на кадри, на баратели на услуги во Клинички центар и доведува до една гужва“, заклучи д-р Николов.