Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод.

-Попладнево разговарав со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина г-динот Оливер Миланов кој ме информира дека Агенцијата после мојот коментар на социјалните мрежи во рамките на своите законски надлежности направи консултации со соодветните Европски инситуции задолжени за контрола на безбедноста на храната и направи вонредни контроли на посочените конзерви туна и гарантира дека овие производи кои се продаваат во трговската мрежа во Република Македонија се безбедни за консумација, истакна Чибишев.

Докторот порача: „Браво за брзата, одговорна и професионална реакција. Не сме исти“!

Потсетуваме, вчера Чибишев објави укажување

-Конзервите туна со концентрација на жива неколку пати поголема од дозволената се проблем на Европската Унија. За жал конзерви со туна се продават и во трговската мрежа во Македонија, напиша тој.