Сексот наутро не само што може да ви донесе убав почеток на денот, туку и да го подобри вашето здравје.
- Подобрување на врската
Поради окситоцинот кој се лачи за време на сексот, тој помага за зближување на луѓето. Тоа е совршен начин да се започне денот со саканата личност. Освен тоа, носи убави моменти кои ќе ги паметите во текот на целиот ден.
- Помалку нервоза
Ендорфините и другите добри хормони, како окситоцин и допамин ја поттикнуваат циркулацијата, ги смируваат мислите и го намалуваат лачењето на кортизол, кој е познат како хормон на стресот.
- Подобра концентрација
Оргазмот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ги подобрува концентрацијата и фокусот. Тој има дејство како утринската јога или медитација, со тоа што со сексот трошите и повеќе калории.
- Забрзување на метаболизмот
Во текот на ноќта, метаболизмот се успорува и наутро му е потребно некакво придвижување. Сексот е совршен за тоа. Исто како утринските вежби.
- Повеќе енергија и подобро расположение
Ви носи добро расположение и насмевка на лицето кои ќе ве следат во текот на целиот ден. Поради окситоцинот кој се лачи за време на сексот, тој помага за зближување на луѓето. Тоа е совршен начин да се започне денот со саканата личност. Освен тоа, носи убави моменти кои ќе ги паметите во текот на целиот ден.