Истражувачите пронајдоа негативна врска меѓу вештачките засладувачи и слабата плодност кај жените. Сите знаеме колку шеќерите се лоши за нашето здравје, но според новата студија вештачките замени за шеќер можат и да им отежнат на жените да останат бремени.
Научниците од Универзитетот во Сао Паоло открија дека жените кои често консумирале т.н диетални пијалоци кои се засладени со вештачки засладувачи, имале потешкотии со зачнувањето.
Во студијата учествувале 524 жени кои биле во просец на ин витро олодување. Тие одговарале на прашања какви им биле навиките во храната и пијалоците. Резултатите покажаа поврзаност меѓу вештачките засладувачи како што се сахаринот и сукралозата и слабата плодност кај жените.
Професорот Адам Бален вели дека ова сознание би помогнало во иднина да се намали процентот на парови кои доаѓаат на ин витро оплодување.