Колку долго треба да трае летувањето? Не, одговорот не е засекогаш. Иако чувствувате дека може да бидете на одмор засекогаш, сепак постои одреден број денови кој е идеален за вашето здравје.
Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор.
Имено, истражувачите од финскиот Универзитет во тампера наведуваат дека оваа должина на одморот одговара на нивото на работен стрес со кој тргнувате на пат.
Ако одите на одмор кој трае ден или два, немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго почнувате полека да се загрижувате дали работата и обврските се завршени додека вие да се вратите.
За да се одморите на вистински начин и да не дозволите одморот да ви здосади идеален период е недела и пол.
- Одморите се најдолг период на постојано отсуство од работа и со самото тоа се одлична прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека на летување општата здравствена состојба се подобрува и е на врв на осмиот ден од одморот, се заклучува во студијата.