Малку градинки, а многу деца. Ова би било најдобриот опис за состојбата на градинките во Куманово. Списокот на деца кои треба да се запишат е долг додека капацитетите на градинките се ограничени. Помош се очекува од Министерството за труд и социјална политика.
Граѓаните ја истакнуваат потребата од повеќе градинки во Куманово.
„Мора да се отворат повеќе градинки бидејќи има многу деца“.
„Имам внука, одам да ја земам. Треба да имаме повеќе градинки бидејќи има многу мали деца“, рекоа граѓаните.
Градоначалникот на Куманово се согласува дека проблемот со градинките во Куманово е еден од покрупните.
Димитриевски вели дека има модел за надминување на проблемот. Ќе се подготват просториите на поранешниот Дом на пензионерите и ќе се изгради нова градинка во населба Бајрам Шабани.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека оваа институција поседува доволни фондови за изградба на градинките, но општините не поседуваат конкретни проекти за изградба на градинки за децата.