Семејствата на деца со попречености од Велес добија дневен центар. Во нив ќе можат своите деца да ги остават седум часа, за нив да се грижат негуватели. Ова е огромна помош, велат тие, бидејќи досега барем еден член на семејството морал да останува дома, за да се грижи за нив.
Центарот може да прими шест деца, на кои превозот ќе им биде платен.
„Отварањето на овој дневен центар е голема работа за родителите што го превземаме со нега, исхрана и превоз.“ – вели Азиза Џини – раководител на центар за социјални работи – Велес.
Сепак, во Велес сеуште не е спроведен проектот за персонална асистенција за овие семејства. Министерката Мила Царовска вели дека проблемот е што ниту една организација од Велес не се пријавила во министерството за труд, за преку неа да се спроведе проектот. Повеќе семејства веќе подолго време апелираат до надлежните да добијат помош од стручни лица, кои ќе доаѓаат во нивните домови и ќе работат со лицата со попречености.
Градоначалникот Аце Коцевски вели дека во Велес е регистриран само еден обучен асистент, со кој се преговара, преку програмата за општинско-корисна работа, да се вклучи во семејство на кое му треба помош.