Мојата мајка 81 годишната Павлина по втор пат ми дава живот, таа ме спаси и ми го донираше својот бубрег без размислување, раскажува Тоде Ѓорѓиев. 57 годишниот пациент на клиниката за урологија раскажува за животот со години бил на дијализа, последната шанса била само трансплантација.
Како донатори најчесто се луѓе до 65 години, каде овој тип на транспланатација е навистина посебен.
Докторот што ја направи операцијата вели дека иако како тим се подготвени во секој момент да се направи транспланатација од кадаеверик или починат човек, сепак е многу важно орагнизацијата да се промени и секако да се почне со дебати и кампања за сложување органите од починат човек да се донираат со цел да се спаси човечки живот.