29-ти Октомври е светскиот ден за свесност за мозочниот удар. Како таков се одбележува низ целиот свет, за да се подигне свесноста за високиот степен на регистрирани мозочни удари ширум светот, како и превенција да не се случи, на кој начин и како, а освен тоа и како да им се помогне на оние кои го преживеале. Низ светот на овој ден организациите, медицинските установи, клиники, го одбележуваат овој ден на тој начин што вршат едукација на граѓаните, тестирања, како и превземаат иницијативи како да се намалат оштетувачките ефекти на мозочниот удар ширум светот.
Мозочниот удар бил и продолжува да биде светски раширена болест која секоја година опфаќа 15 милиони жители на планетата Земја. Од тие 15 милиони, 6 милиони жители веднаш починуваат, додека останатите 5 милиони се оставени оштетени и оневозможени доживотно. На секои 6-ст секунди по еден човек доживува мозочен удар.
Во 1990-тите се родила идејата да се креира ден на кој би се започнало со свесноста за оваа болест која напаѓа и се случува кај голем број на луѓе во светски рамки. За неколку години подоцна од Европска инцијатива да прерасне во Светска и да се здобие со организација и обележување на денот во светски рамки.
По повод светскиот ден на борбата против мозочен удар, вчера на струмичкиот плоштад, беа организирани превентивни прегледи. Според директорот на струмичката болница, Наке Гогов, се зголемува бројот на пациенти со мозочен удар во југоистокот на земјава.
Здравствените власти апелираат до граѓаните за континуирани превентивни прегледи со цел навремено откривање на евентуални иницијални симптоми на мозочен удар.