Најновата студија открива што треба да направите за да го намалите ризикот од заболување од рак.

Резултатите од студијата покажуваат поврзаност помеѓу губењето на килограми и намалениот ризик од развој на рак на дојка. Трајната загуба на само два килограми кај жените по 50-тата година ја намалува можноста од заболување од рак.

Во истражувањето учествувале над 180 илјади жени, а истражувачите воочиле дека жените кои успеале да ослабнат и да одржат одредена телесна тежина, помалку заболувале од опасна болест.

Не е новост дека вишокот килограми влијае на зголемениот ризик од развој на карцином на дојка, а оваа студија утврдила дека нормалната телесна тежина за жените над 50 години е од голема здравствена важност.

Истражувањето воочило дека жените кои успеале да ослабнат 9 и повеќе килограми и кои успеале да одржат нова телесна тежина, имале 26 отсто помал ризик од развој на рак во однос на жените кои задржале прекумерна тежина.

Како се објаснува ова?

Личностите кои со намера губат килограми, прават уште некои работи кои се важни за здравјето, како што е вежбањето и здравата исхрана. Сите тие промени го намалуваат ризикот од појава на рак.

Познато е дека маснотиите во организмот влијаат на појавата на воспалителни процеси, а токму тие процеси придонесуваат за развој на опкружување во кое канцерогените клетки се развиваат и размножуваат.