Според одредени медиуми овие денови кружи веста дека Во најголем дел старосната граница на сегашните педијатри во Охрид и Струга, а кои се грижат за здравјето на најмладата популација, се движи меѓу 55 и 62 години. Еден од највозрасните охридски педијатри. Ова за еден медиум го потврдува и Никола Филев кој вели дека проблемот е комплексен и дека наскоро може да го нема овој кадар во двата града.

„Педијатријата ни е во тотален раскоп. Полека полека ќе нема педијатри. Сериозно работа е ова. Не жолт картон, пред црвен сме. Рачунајте дека ќе немаме педијатри. Животот е математика, а ќе немаме педијатри. Тоа е сериозен проблем. Сметате дека во најголем дел се пред пензија? Да не речам 80% се, а за некоја година ќе нема. Ќе има еден, двајца, тројца, а за оваа популација тоа е малку“, рече Никола Филев-педијатар од Охрид.

Повозрасните педијатри препорачуваат државата и здравствените власти под итно да изнајдат механизми и да им овозможат на младите педијатри да останат во државата, наместо да заминуваат во странство, но во исто време да се создадат услови и можности за создавање на нови кадри преку нивна специјализација и дообука.

Инаку во болницата во Струга вкупниот број на специјалисти во сите гранки е 44 од кои 25 се на возраст над 55 години. Од овие 25, 12 се над 60 години. Во тек е и процедура за вработување на десет нови лекари, шест сестри, двајца фармацевти, еден фармацевт технолог, двајца лаборанти и еден биохемичар.