Од Здружението на пациенти со ретки болести стравуваат дека со ваквиот закон за паралелен увоз на лекови кој е во собраниска процедура во земјава може да биде носена небезбедна терапија. Тоа веќе го почувствувале на нивна кожа. Велат дека не можат да бидат сигурни за безбедноста и квалитетот на лековите кои ќе се носат од трети земји.
-Како да веруваме дека сертификатите нема да бидат фалсифукувани кога веќе се фалсификуваат лекови, изјави Алексовска.
Од здружението апелираат до надлежните законот за паралелен увоз на лекови да биде според европските регулативи, за пациентите да бидат безбедни.