Најмалку 4 лица меѓу кои и бебе со месеци шетаат по македонските болници без знаат од каква болест страдаат, алармираат од здружението на пациенти со ретки болести. Од “Живот со предизвици” бараат државата во вакви случаи да ги покрие трошоците за испитувањата за точна дијагноза. Ако анализите се прават во странство чинат и до 10.000 евра.
-Има 4 месечно бебе, 10 годишно дете, 3 годишно дете и повозрасна жена. Тие се луѓето за кои знаеме и кои сеуште немаат дијагноза и е горлив проблем кој треба да се реши што побргу. Дијагнозата да се рефундира без разлика дали дијагнозата се прави во Македонија или надвор, затоа што голем дел од дијагнозите се можат да се направат и кај нас, но повторно семејствата самите си ги плаќаат, изјави Весна Алексовска, Здружение на пациенти со ретки болести “Живот со предизвици”.