Унијата на ЗМСТАС, предводена од Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, алармира за, како што велат од таму, несоодветните мерки што здравствените институции ги преземаат за да ги намалат финансиските трошоци на сметка на медицинските сестри.

„Имено, координаторите во своите извештаи до Здружението редовно нè известуваат и бараат помош за сите проблеми со кои се соочува нашето членство во рамките на нивните институции бидејќи сите нивни барања остануваат без одговор или решение од надлежните.

Главниот проблем е што трендот на непризнавање на високата школа продолжува. Огромен пропуст е неусогласеноста на нашето образование со непрепознатливоста во институциите. Во овој период се актуелни и специјализациите, кои не се предвидени во колективните договори, со што се отвора прашањето – што по нивното завршување?“, велат од Здружението.

Гордана Бешлиовска, престедател на Унијата на ЗМСТАС вели дека дополнителен притисок се појавил и по покачените коефицинети за извршувањето на ноќната смена од која се одземени сестрите со високо образование. Сега таа додава, таргетот е насочен кон сестрите што се со признаена висока школа.

„Иако во согласност со работната организација сменската работа е однапред планирана, често се случува сестрите што се со висока школа намерно да бидат изземени од ноќните смени со образложение дека поради зголемениот коефициент, тие дополнително би го преоптовариле буџетот на институцијата. Станува збор за нефер однос, преоптоварување на медицинските сестри со средна стручна спрема и крајно непрофесионален однос на здравствените институции што дозволуваат вакви пропусти“, вели Бешлиовска.

Ако не направи поделби во здравството министерот, кој друг, продолжува хаосот во здравството, сега се проширува и на медицинскиот персонал, на сестрите, потоа со што да се задржат тие како персонал во Македонија кога министерот ги лаже, манипулира и нема слух за нивните проблеми.  – изјавија медицинските сестри