Доколку Меџити се прибра од патувањата по светот, може да се зафати за работа и за почеток да продолжи со молерисување на Клиниката за неврологија од каде и самиот доаѓа. Клиниката е молерисана само до половина и вака молерисана само до половина стои веќе неколку месеци, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога веќе не е приоритет изградба на новиот Клинички и цели 7 години Влада на СДС и ДУИ со прст не мрдна за оваа клучна капитална инвестиција, ако не можат вистински да се фатата за работ, можат барем да продолжат со молерисување на другата половина на Клиниката за неврологија.

Овие 7 години гледаме само закрпувања, а не вистинско зајакнување на инфраструктурата во јавното здравство што очигледно не е приоритет на Владата. Показател за тоа е и буџетот на Министерството за здравство за 2024 год кој не предвидува инвестиции во овој сегмент.

За негрижата и недостигот на централно инвестирање конкретно на Клиниката за неврологија говори фактот дека од донации од приватни компании е обезбедена и поголем дел од промовираната опрема на оваа Клиника изминатиот период, стои во објавата на Комисијата.