Бројот на лицата заболени од грипот Х1Н1 секојдневно расте. Само за една недела има 110 нови пациенти. Постојано се зголемува бројот и на хоспитализирани.

Во моментот, на детската клиника под надзор се четири деца со симптоми на грип, а на инфективна се лекуваат 14 граѓани.

Дали и оваа година бројот на заболени од сезонскиот грип ќе изнесува повеќе од 20 илјади како и минатата година или властите заедно со министерот Венко Филипче ќе сторат нешто за здравјето на граѓаните во Македонија?

Дали со започнување на сезоната на грип, министерот Филипче очекува да починат уште 30-тина лица исто како и минатата година или очекувањата му се поголеми годинава бидејќи освен за тендери и матни зделки во четири очи за ништо друго не го посветува времето? – граѓаните прашуваат и заслужуваат одговор.