Веднаш откако завршија врнежливите денови, во главниот град се врати виокото загадување речиси во сите општини.

Така утрово најзагаден воздух дишат жителите на Миладиновци – 94 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, а веднаш зад него е Карпош со 84.

Ситуацијата не е ништо подобра ниту кај Ректорат, каде што речиси секој ден загадеувањето е над дозволената граница.

На државно ниво лидер во загаденост денеска е Куманово каде присутството на ПМ 10 честички на метар кубен е 125.