На денешната прес конференција, Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека е можно по 15 јуни да има дополнителни олабавувања на рестриктивните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како сега, можни се промени, најави Филипче.

-Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, рече Филипче.

Тој истакна дека станува збор за две работи, а тоа е укинување на полицискиот час, како и протоколите за одржување на настани при што ќе бидат значително олеснети.