Според информациите кои ги пренесуваат балканските медиуми, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија. Тој побарал граѓаните од Македонија да примат вакцини по сопствен избор.

Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бионтек“, „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

Во средата, Вучиќ соопшти дека граѓаните на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат на територијата на Србија и изјави дека Србија има доволно вакцини, повикувајќи ги граѓаните од регионот да се вакцинираат во Србија.