Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, на актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, денеска преку фејсбук објава му порачаа подобро да се подготви за одговори за реалните проблеми со кои се соочуваат пациентите, а и се обраќаат на Комисијата за здравство при средбите на терен.

– Пред денешната посета на министерот Фатмир Меџити на Клиника за торакална хирургија му препорачуваме подобро да се подготви за одговори и освен празни флоскули нешто конкретно да преземе за реалните проблеми и се потешката достапност до здравствена услуга за пациентите.

Конкретно со аргументи потребни се одговори кои се преземени активности за следните нотирани проблеми на пациентите кои се обраќаат до Комисијата, но и средбите на терен.

Нема термини за ехо на дојка! Нема термини за мамографија! Нема термини за биопсија!

Пациентите реагираат дека во поголем дел не стигнуваат до преглед и интервенција, а тука треба да се земе во предвид дека изминатиот период долго време немало сала на Клиниката за торакална хирургија. Дополнително загрижува фактот дека бројот на сали е редуциран, а притоа нема еднаквост, односно се дава само на одредени доктори.

Повторно апелираме на транспарентност на листите за закажување интервенции и истите да бидат јавни на оваа и на останатите хируршки клиники. Контролните механизми со кои ќе се спречат злоупотреби и во овој случај недостасуваат. Меџити дали ќе преземе нешто или повторно отпосле ќе се правда дека “немал информации” кој по службена должност требало да ги има, следејќи го примерот на еден негов негов претходник кој “не е од тука”.