Самостојниот синдикат на Kлинички го прифати предлогот на Министерството за здравство за зголемување на коефициентот на ноќниот труд на медицинските сестри од 0,29 на 0,50.

Ова значи дека медицинските сестри прифатија да им биде платен ноќен труд двојно повеќе од претходно понуденото. Сега медицинските сестри ќе добиваат 160 денари дополнително, изјавија од самостојниот синдикат на Kлиничките центри, каде најмногу членуваат медицински сестри од скопските клиники, но и медицински сестри од болниците во Тетово, Куманово, Бардовци, Кичево, Струга.

Од синдикатот додаваат дека според ова сестра со средно медицинско образование ќе добие плус околу 160 денари за ноќен труд, односно со сегашните 241 денар, таа ќе зема 416 денари. Медицинска сестра со високо образование сега зема 296 денари, а со зголемувањето ќе зема околу 512 денари за ноќна смена“.

На состанокот присуствувал и министерот за здравство.

За синдикатот предлогот платите да се зголемат за 5 отсто е неприфатлив. Тие бараат во 2018 година зголемувањето на платите да биде 15 отсто.