Министерството за здравство со известување дека неделава ќе биде објавен конкурс за избор за изработка на Идеен проект за Нова Градска болница на локација во општина Аеродром. Конкурсната документација ќе биде објавена јавно во Електронскиот систем за јавни набавки, и со соопштение во печатените медиуми.

Основната цел на овој проект е да обезбеди идејно решение за функционален објект со современ и модерен изглед, кој ќе ги прати современите трендови во медицината. Изградбата на Нова Градска болница претставува капитален објект за градот Скопје и затоа сакаме транспарентно да го одбереме најдоброто идејно решение.

Поднесените идејни решенија ќе ги оценува Стручна комисија составена од архитекти и професори, а сите трудови ќе бидат изложени во јавноста на 26ти јули, на денот на одбележувањето на годишнината од Скопскиот земјотрес (1963).

За најдобрите идејни решенија ќе бидат доделени парични награди. Овој конкурс според МЗ е прв од ваков тип и има за цел да воспостави транспарентен избор, отворен за јавноста, како резултат на сè вкупната реформа во здравството.