Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку својата официјална фејсбук страна Фејсбук посочи дека во земјава се случува НЕ одбележување на европскиот ден и светската недела за рационална употреба на антибиотиците во 2023 година.

– Европскиот ден за одбележување на важноста и подигнување на јавната свест за потребата од рационалната употреба на антибиотиците е 18 ноември, а Светската недела на СЗО трае од 18 до 24 ноември 2023. Денес тие не се одбележуваат од надлежното Министерство за здравство, а има и низ на недоследности во здравствениот систем што придонесуваат за нерационална наместо за рационална употреба на антибиотиците:

– Лекари издаваат рецепти за антибиотици на пациенти за потреби кои не се медицински оправдани само за да не дојдат во конфликт со пациентите или да дојдат до поголем профит. Со тоа се прави штета и на пациентите и на здравствениот систем, гледано финансиски и здравствено.
За ова е одговорно МЗ, ФЗО и Лекарската комора.

– Не се почитува рамномерно Законот за лекови според кој антибиотици мора да се издаваат со лекарски рецепт во јавните аптеки, што значи дека антибитици се издаваат без лекарски рецепт во некои аптеки и дека фармацевтите не ја имаат вистинската улога. За ова е одговорно МЗ, Агенцијата за лекови и Фармацевтската комора.

– Во болниците не се застапени потребните антибиотици или пак се користат нерационално. Лекувањата на инфекции во болниците се разликуваат од лекувањата кај матични лекари поради недостаток на современи упатства за практивување на медицина базирана на докази. За ова е одговорно МЗ и Лекарската комора.

– Нема државна евиденција и извештаи за користењето на антибиотиците, а според ФЗО во Македонија се користеле антибиотици над европскиот просек. За ова е одговорно МЗ и Агенцијата за лекови.

– Позитивната листа на лекови не е ажурирана и не содржи антибиотици од понови генерации.
За ова надлежно е МЗ и ФЗО.

– Националната Есенцијална листа на лекови не е ажурирана од 2016 година. За ова е одговорно МЗ и Агенцијата за лекови.

Ова само повторно покажува со каков кампањски, дневнополитички и несериозен пристап власта ги разрушува сите темели на здравствениот систем, без грижа за здравјето и парите на граѓаните што треба да е ултимативна цел на здравствените власти“, се вели во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.