Околу триесеттина болничари од Психијатриската болница Демир Хисар земаат околу 14 илјади денари плата. Тие бараат раководството на Болницата да има слух за нивните барања и да не ги остава на страна.

За разлика он нив, нивните колеги од Скопје, односно Психијатриската болница Бардовци имаат околу 20 илјади денари плата.

-Не може да ја имаме истата работа, а да има толкава разлика во плата. Раководството ниту било кој од надлежните не одговара на нашите барања, реагираат болничарите.

Инаку во болницата за краток период имаше два огласи за вработување. На истите се примени околу дваесеттина лица, но станува збор за медициски сестри и доктори.

-Сестри има стотина во болницата. Не може да не им требааат болничари, зачудено реагираат тие.