Март и април се месеците кога грипот се повлекува, меѓутоа новите заразни болести за кои народот нема изградено колективен имунитет не влегуваат во оваа сезонска шема и можат да го напданат населението и во летниот период – вели професор д-р Зоран Радовановиќ еден од најистакнатите српски епидемиолози.
Метеоролозите најавија заладување и доколку се остварат прогнозите ќе му одговараат на коронавирусот. Теоретски гледано кронавирусот е чувствителен на повисоката температура. Според истаржувањата на кинескиот центар за контрола и превенција на болеста КОВИД 19 останува стабилен на четири степени, а на повисоки температури неговата отпорност се намалува. Температурата влијае само на времето на опстојување, а не и на неговата способност да се шири заразата. Во времето на појавувањето на САРС во 2003 година со секоја температурно покачување за еден степен целзиусов бројот на потврдени случаји се намалува за 3,6 одсто.
Според епидемиологот Радовановиќ вирусите од групата корона позната според тоа дека предизвикува настинки и воспалителни процеси на органите за дишење, студеното време им одговара.
-Погрешно е убедувањето дека високата влажност во зимски услови потекнува од тоа што снегот ќе ја натопи косата, а лапавицата нозете, бидејќи во овој период воздухот е посув отколку во лето. Постојат најразлични објаснувања зошто така сув ваздух одговара за да се пренесува заразата. Капките кои ги исфрламе можат да патуваат скоро еден метар кога воздухот е сув, а многу помала дистанца поминуваат ако дојдат во судир со водена пареа. На сув воздух и слузницата е многу поосетлива за да продираат микроорганизмите… појаснува Радовановиќ.
Климатските услови во земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот Кина, Јужна Кореја и северна Италија се чини дека имаат временски прилики кои се поистоветуваат со ваквите заклучоци. Нивното време е суво и студено, што е идеалн за ширење на заразата.
Кога станува збор за оваа нова болест, епидемиологот не може да каже како ќе се однесува во периодот кој следува. Нејзиниот „роднина“ САРС во 2003 година се одржуваше до месец јули. Новосоздадените микроорганизми сега се под помало влијание на сезонските осцилации што ја отежнува прогнозата кога ќе биде совладан коронавирусот КОВИД 19.
-На ниеден микроорганизам кој предизвикува воспаление на органите за дишење не му одговара топло време. Тогаш најчесто се јавуваат цревни инфекции. Топлото време ќе придонесе вирусот да исчезнува и поради зголеменото УВ зрачење. Истовремено УВ зраците ги уништуваат вирусите и бактериите – вели Радовановиќ според кого ветерот на групата коронавируси нема влијание. Ветерот може да придонесе за други инфекции на пример како предизвикување на Q треската.