„Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години.
Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени.
Венко Филипче како доктор со искуство треба да е свесен дека околу ваквиот начин на стерилизација се поставуваат неколку односно многу важни прашања на кои Министерството треба да одговори пред воопшто да го започне овој процес, кој секако ќе биде на штета на пациентите, на здравствените работници и нормално на буџетот на државата, односно парите на граѓаните“, вели Арсовски кој додава дека со превоз на целата стерилна опрема и нејзин превоз, постои можност да дополнително инфицирање.
„Планирано е целата опрема што ќе се стелизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука нормално постои можност дополнително да има инфицирање и бактерии на инструментите.
Експертите коментираат дека на овој начин неколкукратно односно до 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе падне на товарот на граѓаните, а услугата нормално нема да е ништо повеќе од сега, односно ќе биде само полоша.
Така да уште еднаш апелираме Венко Филипче да се преиспита и да го повлече тендерот и веднаш потоа да си поднесе оставка, и да ги спаси граѓаните од неговите погрешни политики во здравството“, изјави Арсовски.