Има разлика помеѓу нормална држава и мафијашка држава. Република Македонија одамна е мафијашка држава контролирана од еден клан, ова денеска преку прес-конференција за јавноста го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека граѓаните бројат ново заразени и црното конто на жртви секојдневно расте, Владата предводена од СДСМ неспособна да се носи со кризата, во вонредна состојба продолжуваат да работат криминално, корумпирано и штетно и да единствено да работат за бизнисите на фамилијата Заеви. Да, за жал додека сите земји во светот од петни жили се борат да помогнат на стопанството со денар повеќе, кај нас не само што не им помага Владата на компаниите, туку оваа криминална и корумпирана Влада носи одлуки во корист на бизнис мафијата Заеви. На седница на Влада на 12 мај пред 5 дена, во време на вонредна состојба заради корона кризата, криминалната Влада на СДСМ, доделува 2 лиценци за одгледување на марихуана на фирмите Еко Енерџи-Космос од Зубово – Ново Село и фирмата Лајтинг Лукс од Струмица. Во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на истата фирма е Христијан Котев, син на претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев. Во другата фирма која доби лиценца од Заеви пред 5 дена Лајтинг Лукс, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучетка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на првата фирма Еко Енерџи-Космос која што исто така доби лиценца, вели Арсовски.
Тој додава дека Инаку сите гореспоменати се блиски до семејството Заеви, имено до браќата Зоран и Вице Заеви.
Почитувани,
-Е ова е правото лице на СДСМ. За жал ова е и правото лице на Венко Филипче, кој е можеби и највиновниот за доделување на овие 2 лиценци имајќи во предвид дека овие лиценци ги доделува ресорното министерство за здравство, па дури потоа Владата ја гласа одлука. За жал наместо Венко Филипче да се бори за здравјето на граѓаните, Филипче одработува за фамилијата Заеви. Јавно ги прашуваме, Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски дали лиценците за марихуана доделени на блиски луѓе до фамилијата Заеви се поважни од здравјето на граѓаните на Република Македонија?
Дали некоја институција ќе се одважи конечно да им ги оспори овие бизнис одлуки на СДСМ додека граѓаните мака мачат со здравствена и економска криза? Одговорност за ова и за се останато мора да има и верувајте дека ќе има. Не смее никој да се богати на сметка на стравот на граѓаните предизвикан од корона кризата. Верувајте дека за сите криминалии ќе одговараат!, вели Арсовски.