Асоцијацијата за цистична фиброза информира за заедничкиот договор кој произлегол по состанокот со премиерот во Владата.
– Денес бевме на разговор во Влада, со премиерот и претставници од неговиот кабинет. Присуствуваше и директорката на фондот за здравство. Постигнат е заеднички договор околу:
1. Тим за промена на законите за:
– јавни набавки
– лекови
– здравствено осигурување
кои имаат за цел да ја овозможат директната набавка на лекот Трикафта од производителот.
2. Над 2 200 000 евра(140 000 000 денари) префрлени на Педијатрија за итна набавка на лекот за најкритичните од фондот по итна постапка, веднаш. Нема бројка на пациенти заради се уште недефинирана цена на лекот за Македонија. Минимум за 8, максимум за 30 груба проценка. Ја очекуваме до почеток на месец март 2023 година.
3. Три годишна програма за сите пациенти на кои им соодвестува лекот. Не 8, не 30, не 65 туку СИТЕ. Нови ќе влегуваат во таа рамка согласно возраста.
4. Доколку се реши вака и не потфрлат со ова, ќе имаме системско решение за сите и веќе никој нема да стравува дали е дел или не од група што ќе го добие.