Австрија за прв пат бележи петтоцифрен број на заболени од коронавирусот од почетокот на пандемијата. Бројот на новозаболени веќе подолго време постојано расте, а во последните 24 часа се регистрирани 11.398 нови случаи на коронавирус.

Екстремниот високиот број е објаснет со бројните задоцнети пријави.За време на истиот период бројот на починати лица од Ковид-19 е 23. Хоспитализирани се 75 пациенти во болниците, а вкупниот број на луѓе кои се на лекување изнесува 2.227.

Австриските официјални медиуми пренесуваат дека на интензивна нега во моментов се наоѓаат 413 ковид пациенти со тешка клиничка слика.