Според неофицијални податоци денеска во подрумот на Детска клиника е пукната цевка од канализација.

Родителите на болните деца алармираат дека се изложени на секакви вируси и бактерии.

Грижата за болните деца на оваа клиника е сведена под ниво. Имено овој министер не се грижи за децата, приоритет му се парите кои што влегуваат во неговиот џеб преку разно разни тендери во четири очи.

Потврда за тоа е и Детскиот ургентен го пренаменуваат во лабораторија.

Само што добивме неофицијални информации дека во подрумот на детската клиника се спрема и храната за децата, а цевката која што е пукната е од канализација и целава ситуација трае веќе четири дена.

Министерот спие додека децата се инфицираат и наместо да се лечат се доразболуваат со самиот престој во Клиниката за детски болести.

Каква е реакцијата и одговорот од Министерот за здравство со оглед на тоа дека овој проблем е стар 4 дена, каде е министерството да реагира?