Националната стратегија чија што основна цел е превенција и унапредување на условите за лекување на ментално и душевно растројство на сите пациенти без разлика на нивниот пол, вера и национална припадност, за периодот 2018-2025 што ја изработи Министертвото за здравство и деновиве ќе влезе во владина процедура, беше повод државниот секретар за здравство Владимир Милошев денеска да ја посети Невропсихијатриската болница „Негорци“.

– За имплементирање и реализација на оваа стратегија веќе се предвидени човечки ресурси како и отворање на нови центри за ментално здравје за кои се обезбедени стабилни финансиски средства со цел да создадеме достоинтвени услови за третман на овие пациенти, нагласи Милошев.

На средбата со вработените, Милошев беше информиран за актуелната состојба во оваа јавна здравствена установа, а имаше можност да ги види и условите за престој на пациентите како и нивниот третман од страна на вработените.

Сега по се изгледа сите ќе започнат со шетање по клиниките од министерството за здравство и ветувања без штедење секаде ќе се делат. Блазе им на тие што ќе се погодат на лице место, можеби и ќе поверуваат во лагите на министерот и целото министерство – рекоа граѓаните оценувајќи ја досегашното дејание на министерот и неговата реализација!