Министерството за здравство (МЗ) во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекија и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката, соопштуваат од министерството а се најваува и почеток на скрининг за карцином на дебело црево.

Унапредена е раната детекција на најчестите малигни заболувања, тврди Министерството за здравство.

„Од 2024 година се надеваме дека ќе започнеме и со скрининг за карцином на дебело црево, благодарение на сите подготвителни активности на министерството“, наведуваат од МЗ.

Скринингот на карцином на дебело црево ќе се прави исклучиво на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката, се наведува во соопштението, веќе располага со обучен кадар.

Што се однесува за скрининг на рак на дојка во текот на 2022 и 2023 година, е набавена најсофистицирана опрема болниците во Куманово, Струмица, Дебар и Тетово, во скопската 8ми Септември и Институтот за Радиологија.

Формирана е и национална комисија за пациенти со дијагностициран рак на дојка, која ја сочинуваат специјалисти од повеќе клиники кои се вклучени во процесот.

„На скринингот беа пријавени 10.000 пациентки, додека реализирани беа 4.900 скрининг мамографии. Апелираме жените што ги добиваат пораките преку пријавениот телефонски број, да ги почитуваат дадените термини и локација и доколку не се во можност да одат да ги откажат своите термини, бидејќи го зафаќаат терминот на жени кои сакаат да бидат вклучени во програмата“, апелираат од Министерството за здравствство.