Во текот на 49-та недела од 2023 година (04.12-10.12.2023), во Македонија се пријавени 87 случаи на групни пријави за заболени од грип што е за 40, отсто повеќе во споредба со претходната недела. Сепак, информираат од Институтот за јавно здравје, пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Минатата недела се пријавени 87 случаи на грип, регистрирани се и двајца пациенти со ковид 19

Бројот на пријавени оваа недела споредено со 49-та недела од минатата сезона е намален за 6,5 отсто, а во споредба со бројот за 49-та недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 13 сезони е намален е за 6,5 отсто.

„Во текот на 49-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 31 материјал од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и ковид 19. Притоа, не се детектирани позитивни случаи на ковид 19. Регистрирани се два пациенти со ковид 19 и осум со респираторен синцицијален вирус. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип“, информираат од Институтот за јавно здравје.