Нови загрижувачки вести од Италија: 250 починати во последните 24 часа!

Италијанската Цивилна заштита објави нови податоци за заболените од коронавирусот и ширењето на заразната болест во државата. Моментално во Италија има 14,955 заразени, односно 2,116 повеќе од вчера, додека пак…

Италијанската Цивилна заштита објави нови податоци за заболените од коронавирусот и ширењето на заразната болест во државата.

Моментално во Италија има 14,955 заразени, односно 2,116 повеќе од вчера, додека пак вкупниот број на заразени, вклучувајќи ги и лицата кои веќе се опоравени достигна 17,660, пренесува новинската агенција „Анса“.

Смртни случаи во Италија има 1,266, а Цивилната заштита пренесе дека само во текот на последните 24 часа починале 250 луѓе што е рекорден број откако започна кризата. Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека починале 189 луѓе.

Според денешните податоци, во Италија се хоспитализирани 7,426 лица со симптоми од кои 1,328 се наоѓаат на интензивна нега, а 6,201 во самоизолација. Во Италија се излекувани 1,439 лица, 181 лице повеќе во однос на вчерашниот ден.

„Социјалната дистанца е клучна за намалување на ширењето на заразата. Следните седмици ќе бидат одлучувачки и ќе зависат од однесувањето на секој граѓанин“, изјави италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца.

Во меѓувреме, градоначалникот на Милано, Џузепе Сала одлучи да ги затвори градските паркови веќе од утре. Исто така, во Рим започнува новиот план на јавен превоз – последното возење со метро, автобус и трамвај ќе биде во 21 часот.


Related Articles