Комисијата за заразни болести поради моменталниот тренд на намалување на бројот на новозаболени денеска даде предлог за намалување на полицискиот час. Министерот Филипче истакна дека правото за намалување на рестрикциите се должи на стивнувањето на овој бран, така што ќе следи и продолжено работно време за угостителските објекти.

Од среда 12 мај се очекува полицискиот час да започнува од полноќ и да трае до 5 часот изутрина. Работното време на угостителските објекти ќе биде до 23:30 часот, но само на терасите. Филипче истакна дека ќе може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.

Градинките ќе можат да ги зголемат своите капацитети за плус 5 деца, поточно од 15 до 25 деца во група. Дозвола за работа добиваат и фитнес клубовите.

Доколку владата ги усвои утре препораките на Комисијата за заразни болести, од утре до 18 мај граѓаните ќе имаат забрана за движење од 5 часа. Во четврток за празникот Фитер Бајрам нема да има воопшто полициски час.