Во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 13, Тетово – 5, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2. Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.358 тестови преку: ИЈЗ-63, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–16, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-200, Биотек-144, Систина-51, лабораторија Лаор-238, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност–47, Генеа–3, Никоб лаб-707, ВФВ Медикал-14,Ели Медика-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.592.

Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.