СКАНДАЛ: Асистентите на децата со посебни потреби на општина Карпош од јануари до денес добиле едвај 3 илјади денари

Програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, обезбеди средства за ангажирање на…

Програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, обезбеди средства за ангажирање на 106 образовни асистенти и 34 лични асистенти за деца кои посетуваат настава, со што е зајакната и поддршката на децата со попреченост во образовниот процес. Вака гласи дел од проектот кој што е објавен на страната на Министерството за труд и социјална политика.

Точно така обезбедени се лични и образовни асистенти. Но што со нив? Имате слушнато дека проектот се одвива во најдобар ред, дека оние кои што се вклучени како лични или пак образовни асистенти се луѓе со голема душа што сакаaт да помогнат на оние на  кои  им е најпотребна нашата помош.

Да ја работи оваа работа не може секој.

-Ние секојдневно се справуваме со нови предизвици, не знаеме дали денес нашиот корисник ќе има епилептичен напад, агресија, анксиозен напад итн. Секој ден за нас претставува нов предизвик, нова приказна. Работиме со прекрасни личности, се поврзавме секој на посебен начин со нив, најдовме заеднички јазик. Секој нов ден е нова приказна за нас, за нивните родители, за самите деца. Се трудиме, даваме се од себе да гледаме како тие се движат во нагорна линија, како напредуваат, но не секогаш е така.  Некогаш сме полни со разочарување. Зошто? Денес е 20 Март, плата нема за личните и образовни асистенти. Плата за Февруари.  Неколку пати некој од нас се обратија до општините, до UNDP но конкретен одговор нема, ова за КУРИР го потврдија дел од вработените асистенти низ училиштата во Карпош.

Oбразовните асистенти се незадоволни  и се чувствуваат изманипулирани од Надлежните институции како причина за револт и незадоволство  се наведени следните точки:

-Ветуван им е договор за вработување од лани но за жал се уште немаат, работат  10 месеци има прекин за време на летниот распуст па потоа имаат нов договор,

-Доцнење на плата,  која лани изнесуваше 5.000 денари.

-Немаат здравствено и пензиско осигурување,

-Не им тече стаж,

-Немаат трошоци за храна и превоз.


Related Articles