Секојдневната загаденост на воздухот во градот Скопје го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми.

Загаденоста во комбинација со вирусите ја наполниле детската болница „Козле“.

Воздухот во Скопје и денеска е загаден над дозволеното.  Срцево болните никако не треба да излегуваат надвор во попладневните часови кога е зголемена загаденоста на воздухот. Кај овие пациенти штетните ПМ 10 честички можат да предизвикаат  хипертензија а во најлош случај срцев и мозочен удар, предупредуваат лекарите.

Покрај граѓаните со кардиоваскуларни заболувања, нарушена здравствена состојба имаат и лицата со останати хронични состојби.Со самото тоа што нема доволно кислород тоа значи и намалена срцева функција, па доаѓа до тие исхемични напади, па пациентите се жалат на градна болка како и на главоболка.

Советите се и за сите граѓани, повеќе здрава храна, избегнување да излегуваат надвор и кога се во можност да одат на чист воздух.