Луѓето може да почувствуваат: иритација во регија на носот, очите и грлото, свирење и стегање во градите, кашлица, отежнато дишење. Долготрајна изложеност на загаден воздух најчесто предизвикува оштетувања на имунолошкиот, репродуктивниот, нервниот, кардиоваскуларниот и особено на респираторниот систем. Последиците од загадениот воздух особени ги чувствуваат лицата со хронични белодробни и срцеви заболувања, лицата на возраст над 60 години, малите деца како и бремените жени.

Иако не можеме целосно да се заштитиме од загадениот воздух во градските средини, сепак неколку корисни совети од експертите ќе помогнат да го минимизираме внесот на штетните честички во нашиот организам.

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е да се знае дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на вашите домови.

7.  Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.