Најмладиот пациент во Македонија заразен со Ковид-19 е бебе старо две недели

Најмладиот пациент со коронавирус во Македонија е бебе старо две недели. Бебето било примено на клиниката за детски болести пред околу еден месец откако на детска хирургија му била дадена…

Најмладиот пациент со коронавирус во Македонија е бебе старо две недели. Бебето било примено на клиниката за детски болести пред околу еден месец откако на детска хирургија му била дадена прва помош. Оттаму по стабилизирањето било префрлено во ковид центарот во болницата за белодробни заболувања „Козле“.

Првичната причина поради која бебето завршило во болница била тешката здравствена состојба со која се соочило по извршеното обрежување.

Овој случај го отвора прашањето како ќе функционира оваа клиника во време на Ковид 19, со отворањето на системот „мој термин“. Директорката на болницата објасни дека прегледите кај специјалистите ќе бидат во две ординации, а итните случаи ќе се третираат во монтажниот објект пред болницата. Деца кои имаат тешки здравствени проблеми, а притоа се покажа дека имаат Ковид 19 ќе бидат сместени во клиниката, но во посебно изолирани соби.


Related Articles