Министерството за образование нема одговор кога 189 невакцинирани деца ќе станат првачиња. За сега тие одат на училиште, но не се заведени во школските дневници . Тие остануваат на истиот став дека заедно со министерството ја следат ситуацијата на терен , а како на овие деца ќе им се надокнади изгубеното ќе се одлучува на владина седница кога ќе имаат финална бројка на незапишани првачиња.

Државниот инспекторат од друга страна пак вели дека инспекцискиот надзор е завршен. Од вкупниот број на деца со нецелосен вакцинален картон најмногу се од Скопје – 88.

Пред 5 месеци министерот за здравство Венко Филипче пресече дека нема упис на првоодделенците без имунитет против морбили. Како одговор на тоа министерот за образование Арбер Адеми изјави дека невакцинирани деца ќе се примаат во училиште, а потоа ќе можат да се вакцинираат.

Но, ниту дечињата се примени во училиштата ниту пак статутот на епидемија не се трга од превезот на државата. Никако не престанува да трае епидемијата од морбили која за некој месец ќе може да прослави една година владеење со Македонија. Филипче продолжува со принудна вакцинација на сите иако нема повеќе кого, но се додека може да се дограба до профит плус од вакцините статутот на државата ќе ни остане „во епидемија“. – коментираат граѓаните по социјалните мрежи

Пред извесен период министерот Венко прозборе за тоа кои се условите за прогласување на престанок на епидемијата, но во текот на неколку дена условите неколку пати се сменија, исто како и изјавата на министерот и со тоа се даде несериозна нота и на самиот чин на завршување конечно на епидемијата, но и на се останато во рамките на здравственот систем, како и на тоа кој го раководи и колку успешно во Македонија.

Епидемијата уште трае , а досега во Македонија се регистрирани 1900 случаи на заразени од вирусот на морбили.

Епидемиолозите со кои се разговараше периодов велат дека за да можат здравствените власти да ја „одјават“ епидемијата со морбили, потребно е да поминат 42 дена од последниот пријавен случај. Тој период се уште не е поминат, бидејќи последниот пријавен случај беше пред 20 дена. Но, граѓаните се прашуваат дали и тогаш ќе се смени нешто?