Онколошки пациенти од Битола реагираат дека не ја добиваат месечната терапија со Глосерелин, за која велат дека е исклучително важно навремено да ја примаат, но дека остануваат непокриени подолг временски период.

Во врска со реакцијата на група граѓани за недостиг на лекови за пациенти со малигни заболувања ЈЗУ Клиничка болница Битола би сакала да ја извести пошироката јавност за недостиг – набавка на следниве лекарства и дека дел од лековите доцнат но не по нивна вина и ќе бидат доставени за неколку дена.

– Лекот ЛЕТРОЗОЛ доцни но тоа се должи на фирмата дистрибутер (Еурофарм) на лекови и средства кои се потребни за аплицирање на онколошка терапија кај пациенти со соодветна онколошка индикација. Во последната комуникација со дистрибутерот соопштено ни е дека до петок – 15.12.2023 година најдоцна лекот ќе биде доставен до ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Во врска со лекот ОКСАЛИПЛАТИН болницата нема добиено согласност за набавка, бидејќи истиот се наоѓа на негативната листа и процедурата при набавкана истиот се спроведува со согласност со Фондот за здравство. (Барање за добивање на согласност е доставена до фондот уште во месец јули од тековната година но сеуште не сме добиле согласност за истата).

„Таблетите ЗОЛАДЕКС (ГОСЕРЕЛИН) – се додатна терпија која се аплицира како пропратна терапја на основната терапија кај жени болни од канцер кои се во репродуктивен период. Врз основа на изјавата на раководител на Одделението за онкологија со палијативна терапија и радиотерапија, истата беше со мало задоцнување од 5-6 денови аплицирана на пациентите кои имаат потреба од таа терапија, пациенти кои ја примаат оваа терапија се вкупно 10 во моментот на Одделение за онкологија со палијативна терапија и радиотерапија, и изјавата дека истата терапија доцни 2 недели не е точна“ стои во информацијата од Клиничката болница.

Во однос на акцелераторот од болницата велат дека тој и никогаш не бил ставен во функција, бидејќи бил некоплетен, недостасува помошен компјутер симулатор за истиот да може да функционира, а директорката веќе испратила барање до Министерството за здравство за набавка на овој помошен компјутер.