Од понеделник, 7 јуни, се менуваат условите за влез во Грција. Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас информираше дека за влез во земјата на сила стапува обврската да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години.

Туристите ќе можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа или сертификат за вакцинација. Сите оние кои се позитивно тестирани на границата ќе треба да бидат ставени во карантин од 10 дена. Сертификатот може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во Македонија, со услов дека последната доза мора да се прими најмалку 14 дена пред пристигнувањето.

Ако не сте биле вакцинирани, мора да направите негативен PCR-тест не постар од 72 часа. И, ако сте имале коронавирус, треба да обезбедите доказ дека сте боледувале од ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен PCR или антигенски тест со кој ви е дијагностициран вирусот.