Во Скопје за измнинатото деноноќие се хоспитализирани само 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На Интерните клиники имало само 3 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 примени пациенти. На Клиниката за инфективни болести биле примени 3 пациенти.

Вкупниот број на пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град е 242 лица.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат вкупно 68 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 4 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 300 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.