Поинакви, но не и помалку вредни. Децата и возрасните лица со аутизам и секоја друга попреченост имаат потреба од квалитетни услуги и поголема грижа, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод денешниот Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот.

– Ребека Јанковска Ристески, застапник на лицата со попреченост и борец за правата на децата со попреченост и ретки болести ме запозна со најголемите потреби на децата и возрасните. Токму затоа во Општина Центар ќе биде изработен регистар за лица со аутизам и посебни потреби по кој ќе се водиме при следните наши активности но и ќе бидат отворени дневни центри за престој на лицата со попреченост за поголема социјализација но и работа на различни активности кои ќе им го исполнат секојдневието.  Дополнително по барање на родителите ја продолжуваме и програмата за финансиска поддршка на личните асистенти на ученици со посебни образовни потреби и во месеците јуни и јули. Заедно создаваме подобро и похумано општество, порача градоначалникот.