344 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, во последниве 24 часа се лекуваат во ковид центрите во државава. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19, а во Велес се лекуваат 48 болни.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15 во Кичево 5, Кавадарци 16, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Куманово 57 се хоспотализирани, а во ковид центарот во Гостивар 10.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 586 и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.