Во Бугарија се уше нема регистриран случај на сојот омикрон

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство во Бугарија. Смртноста, според неа, се намалува, но и натаму таа е…

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство во Бугарија. Смртноста, според неа, се намалува, но и натаму таа е висока поради лошата здравствена состојба на Бугарите и проблемите во здравствениот систем. Кожухарова смета дека во Бугарија случаите кои завршуваат фатално се кај невакцинирани пациенти и во ризичните групи.

Таа објасни дека во Бугарија се уште нема официјално регистриран случај на сојот омикрон. Познатиот бугарски епидемиолог ја изрази својата загриженост дека новиот сој омикрон забрзано расте и додаде дека кога има голем број заразени, секогаш има потешки случаи. Затоа Кожухарова ги повика луѓето повеќе да се вакцинираат.

Таа го коментираше и одбивањето на бугарските пратеници да не се влегува во Народното собрание на Бугарија со зелен сертификат, оценувајќи дека епидемиолошкиот ризик воопшто не е мал и додаде дека оваа мерка треба да важи подеднакво за сите граѓани на земјата.


Related Articles