Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Битолската болница на кои се гледа како пациент болен од коронавирус прима инфузија додека покрај него лежат тела на двајца починати, Државниот здравствен и санитарен инспекторат донесе одлука за итно проширување на капацитетите на мртовечницата во болницата.

Од инспекторатот посочуваат дека доколку болницата не е во можност ова да го направи, ќе мора да обезбеди соодветна просторија во која ќе ги сместуваат починатите пациенти од Ковид-19.

Директорката на инспекторатот Ирина Сотирова Бухова, посочи дека настанот се случил во време кога за два дена во болницата починале 13 пациенти, а мртовечницата била со капацитет само за четири тела, па затоа починатите биле оставени во иста просторија, заедно со живи пациенти.